(ВИДЕО) Шахпаска: Наскоро ќе бидат усвоени измените на Законот за заштита од дискриминација

Од:

„Како пратеници, како парламентарно мнозинство велиме НЕ за дискриминацијата. Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.

Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

„Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата.

Измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција. Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата.

Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација.

Здруженијата на граѓани и неформалните групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група или се занимаваат со заштита од дискриминација, ќе можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.

Мораме да дадеме приоритет на заштитата на правата и слободите на граѓаните и на борбата за еднакви можности во ова наше заедничко општество. Очекуваме поддршка од сите пратеници без разлика на партиска определба.

Продолжуваме заедно со граѓаните, со институциите да градиме систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување