На Едмонд Темелко му се слоши, одложено рочиштето за „Титаник“

Од:

На денешното рочиште за иборните нерегуларности „Титаник“, му се слоши на обвинетиот Едмонд Темелко по што претседателот на судечкиот совет, Осман Шабани го прекина судењето на кое се изнесуваа материјални докази од страна на СЈО.

Општата здравствена состојба на обвинетитот Едмнод Темелко веќе подолг период е влошена, и тој речиси цел месец беше хоспитализиран за што има одложувања на судењата за „Титаник“.

На денешното рочиште обвинителката Лиле Стефанова пред судот ги презентираше лажните лични карти кои според обвинението биле изработувани за потребите на тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ за изборните процеси во 2013 година.

Станува збор за повеќе од 2 000 лични карти со лажни имиња и со фотографија од претежно постари лица.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Обвинетите се теретат за делата злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески