Бугарскиот премиер Бојко Борисов утре доаѓа во тајна посета на Македонија, јави „Алфа“.
Сепак, телевизијата истакнува дека оваа информација не успеала официјално да ја потврди ниту од надлежните во Скопје, ниту во Софија.
Предвидено е Борисов да се сретне со премиерот Никола Груевски, но каде и кога ќе биде состанокот, се крие во најголема тајност. Неофицијално, така инсистирал Борисов, кој самиот пред неколку дена ја најави можноста за скорешна средба.
– Доцна синоќа разговарав со премиерот на Македонија затоа што многу напреднавме во преговорите за добрососедство. Се надевам дека наскоро ќе имаме средба, а не само да зборуваме по телефон – изјави пред три дена Борисов.