Џафери: Парламентот нема да работи од 1 април, заради предизборната кампања за претседателските избори

Од:

Собранието на Република Северна Македонија нема да работи од 1 април кога почнува предизборната кампања за претседателските избори.

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери вели дека е вообичаена пракса Собранието да не заседава во тој период, но остава можност да свика седница доколку се јави неодложна потреба.

Тој на денешната средба со медиумите истакна дека доколку во вториот изборен круг нема цензус и не биде избран нов претседател на државата, по Уставот претседателот на Собранието ја врши должноста во период од најмногу шест месеци. Во меѓувреме, рече Џафери, се повторува постапката за избор на претседател на државата, односно се распишуваат нови избори.

Овој случај, потенцира претседателот на Собранието, е предвиден во Уставот, како што е предвидено и што се случува доколку по било кој основ претседателот на државата да е спречен да ја извршува функцијата. Двата случаи, рече Џафери, се регулирани со членовите 81 и 82 од Уставoт.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски