ВИДЕО: Спасовски и Божиновиќ го посетија контингентот хрватски полицајци на граничниот премин Богородица

Од:

Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Хрватска, Оливер Спасовски и Давор Божиновиќ попладнево беа во посета на хрватските полицајци, кои на граничниот премин „Богородица“, со своите македонски колеги работат на обезбедување на нашата јужна граница.

-Ова е пример како треба заеднички да дејствуваме во решавање на проблемите од глобалните предизвици кои што стојат пред нас. Хрватска беше првата држава која што на билатерална основа испрати полициски службеници кои дадоа голем придонес во заедничкото справување со последиците од мигрантската криза. Навистина сакам да оддадам признание за професионалниот настап на полициските службеници, за размена на искутвата со македонските полицајци и што помогнаа во јакнење на капацитетите на македонската држава во справување со миграции, рече Спасовски кој во свое лично име и од име на Владата на Република Северна Македонија му се заблагодари на својот хрватски колега.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изрази задоволство што може да слушне такви пофалби за работата на хрватските полицајци кои доаѓаат од меѓународните партнери и пријатели.

Божиновиќ нагласи дека соработката е одличен пример за решавање на транснационални проблеми и дека ниту една држава не може сама да решава прашања од меѓуграничен карактер.

-Тука 11 хрватски полицајци не само што ја штитат границата, туку на своите колеги им ги пренесуваат и своите стекнати искутва. Се повеќе има илегални обиди за преминување на границата, криминалните мрежи се се поактивни и затоа е важно да разменуваме искуства и да бидеме чекор пред криминалците што во суштина и сме, нагласи Божиновиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник