Иванов до СДСМ: Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да ме обвини за недомаќинско и неодговорно работење

Од:

Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов во целост ги демантира наводите во денешното соопштение на СДСМ, во кое беше посочено дека Иванов неодговорно го завршува мандатот, како што и го започнал, односнo дека тој ќе потроши илјадници евра пари на граѓаните за накит, марами и вратоврски, се вели во рекација на претседателот Иванов.

Од кабинетот на Иванов велат дека овие информации ги сметаат за тенденциозни и со злонамерно извртување на фактите се прави обид да се дискредитира институцијата претседател на Република Македонија.

„Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да го обвинува претседателот Иванов за недомаќинско и неодговорно работење, кога речиси секојдневно македонската јавност се шокира со бројните скандали и пропусти, предизвикани токму од нив.

Сметаме дека станува збор за уште еден очаен обид за напад врз претседателот Иванов, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неморалното и несовесното работење на владејачката партија.

Голема лага се наводите дека претседателот Иванов нарачува над 700 сувенири со своето име, за сопствена промоција и маркетинг.

Вистината е дека во јавната набавка се предвидени само 50 марами и 100 вратоврски со името на претседателот Иванов, кои се наменети како протоколарен подарок за странски делегации и гости, до завршување на мандатот на претседателот Иванов.

Уште поголема лага се наводите дека Кабинетот на претседателот на Република Македонија постапува неодговорно, со недомаќинско работење и спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Со цел правилно информирање на пошироката јавност укажуваме дека станува збор за годишна набавка на репрезентативни подароци, што се реализира врз основа на годишен план, а како востановена практика на сите претходни претседатели на Република Македонија и речиси насекаде во светот. Јавната набавка опфаќа протоколарни подароци, што се набавуваат во согласност со протоколарните активности на претседателот, вклучувајќи посети на странски делегации, како и возвратни посети на странски држави.

Укажуваме дека наведениот износ од Договорот за јавната набавка претставува планирана вредност на јавната набавка, односно не се исплаќа целиот износ наведен во договорот, туку по фактура за извршената услуга. Следствено на ова, следниот претседател на Република Македонија на почетокот на својот мандат ќе има на располагање репрезентативни подароци, продолжувајќи да ja искористува јавната набавка“,се вели во реакцијата од Кабинетот на претседателот.

Од таму додаваат дека досегашните јавни набавки на Кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и во согласност со сите законски регулативи и истите се транспарентно и јавно објавени.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он