(ВИДЕО) Заев: Имаме мали несогласувања со коалициониот партнер, но ќе ги надминеме

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не даде конкретен одговор дали е на повидок нов партиски пазар за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата во Собранието, за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски.

Заев рече дека е на ставот дека законот треба да важи подеднакво за сите, без оглед дали се работи за пратеник или функционер од извршната власт.

„Правните процедури мора да се запазат. Знаете мојот став е јасен, законот треба да важи за сите, без оглед дали се работи за пратеник или во случајот поранешен претседател на Собранието. Координаторот на пратеничката група ќе ги даде деталите по оваа прашање. Собранието си работи по деловник и процедури“, рече Заев.

По синоќешната драма во Собранието, при што прстот за не одземањето на имунитетот на Вељаноски е вперен во ДУИ, на прашањето дали се нишаат односите со коалициониот парнтер, Заев призна дека имало мали несогласувања, но ќе се обиделе да ги решат.

„Овие слабости кои произлегоа се нов момент. Имаме многу важни работи пред нас. Ќе се обидеме заеднички да ги решиме. Идејата за консензуален претседателски кандидат останува. Ние утревечер ќе имаме координативен состанок на кој ќе се разледаат имињата, анализите и слично. Да се фокусираме на тоа што не очекува, изјави Заев.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски