„Беркшир Хатавеј“ ја заврши 2018 година со загуба

Од:

Инвестицискиот фонд „Беркшир Хатавеј“ на американскиот милијардер Ворен Бафет во четвртиот лански квартал оствари загуба од 25,4 милијарди долари, покажува финансиски извештај на компанијата за 2018 година.

Според извештајот, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, профитот на компанијата лани изнесувал четири милијарди долари, што е за 91 отсто помалку од заработката во 2017 година, која изнесуваше 44,9 милијарди долари.

Во извештајот се посочува дека загубите на „Беркшир Хатавеј“ се делумно поради значителниот пад на вредноста на акциите на некои клучни активи од портфолиото на компанијата, како инвестициите во „Епл“.

Според аналитичарите, загубите на компанијата во најголем дел се поради падот на вредноста на компанијата „Крафт Хајнц“, во која „Беркшир“ поседува 26 отсто од акциите.

„Крафт“ соопшти дека отпишала 15 милијарди долари од своите сметки, по што акциите на компанијата во петокот се намалија за 27 отсто, односно вредноста на уделот на „Беркшир“ во неа се намалил за 4,3 милијарди долари.

Бафет, кој е инвеститор на долги патеки и не се раководи со краткотрајни квартални резултати, во изјава до акционерите укажа дека ова е „нормална бизнис стратегија на компанијата“.

– Гледајте ја шумата а не дрвјата. Некои инвеститори се преокупраат на деталите на дејноста на нашите многубројни и разновидни активи, нашите таканаречени „економски дрвја“, истакна Бафет.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

Трговскиот дефицит на САД во септември се искачи на 61,5 милијарди долари

Доларот зајакна четврта недела по ред

Курсот на еврото во однос на доларот се искачи на највисоко ниво во последните пет недели