СДСМ: Време е ВМРО-ДПМНЕ да го расплете јазолот на партиски вработувања

Од:

Од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ни трага ни глас во врска со партиските вработувања кои беа аспсолутна асоцијација за црното 11 годишно владеење, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста и граѓаните очекуваат и заслужуваат одговор. Дали Мицксоки има образ и лице да ги повика своите роднини да се повлечат, дали Мицкоски ќе се откаже од бизнисите со хидроцентралите?

Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс. Повикај го и пратеникот Милошовски да одговори како неговата снаа, вујко, братучед и братучедка добиле работа во државни и јавни претпријатија.
Време е ВМРО-ДПМНЕ да го расплете јазолот на партиски вработувања со кои ја демонстрираа апсолутната и тоталитарната власт која ја имаа 11 години.

Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.

Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он