Мбапе е најмладиот фудбалер со 50 гола во Лига 1

Од:

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе постави уште еден рекорд зад своето име, откако стана најмладиот фудбалер, кој стигна до 50 гола во француската Лига 1. Тој се запиша на два пати при успехот со 3:0 над Ним, со што ја зголеми предноста на тимот во шампионатот. ПСЖ веќе води 17 поени пред вториот Лил. Третиот гол го постигна Кристофер Нкунку.

Мбапе одбележа 50 гола за само 88 натпревари во француската елита. Тој е најмладиот играч кој го постигнува ова во последниве 45 години, откако Лига 1 е во сегашниот формат. Напаѓачот на ПСЖ го постигнува тоа на 20 години, два месеци и три дена. Во прилог на 50-те гола, Мбапе има 23 асистенции.

Досега најмладиот со слично постигнување беше Јаник Стопира, кој во декември 1982 година стигна до јубилејниот број на голови.

– Неверојатно беше што дури и не знаев дека сум најмладиот кој забележал 50 гола. Мечот беше многу добар за нашиот тим и јас сум задоволен што победивме, што беше главната задача, рече Мбапе по мечот.

Тој постигна уште два гола, но тие беа поништени пред паузата. Еден поради офсајд, а другиот за играње со рака.

Би можело да ве интересира

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз

А1он

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ