Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, пред утрешниот дуел со Лион од 26-тата рунда во Лига 1, рече дека неговиот тим треба да освои толку многу поени како и водечките на табелата.
Тој додаде дека сака да го одржи натпреварувачкиот дух во тимот.
– Лион е силен тим. Сите ги знаат нивните резултатите против најдобрите тимови во светот. Треба да останеме фокусирани, имаме доволно мотивација да одиграме силен меч. Сакаме да победиме. Сакаме да покажеме дека сме во состојба да ја напуштиме „опасната“ зона. Треба да освоиме исто толку многу поени како најдобрите тимови, изјави Жардим.
Сакам да видам борбеност на тимот. Играчите мора да веруваат во нивните способности. И покрај фактот што некои од нив играат помалку од другите, тие исто така ќе имаат можност да се докажат, истакна предводникот на Монако.
Тимот од Кнежеството е на 16. место со 22 бода по 25. кола.