Форум за рурален развој во Кочани

Од:

Како дел од процесот на спроведување на кампања за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово, денеска, во фоајето на НУЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи Форум за рурален развој, чија цел е запознавање на локалното население со процесот за прогласување на Осогово како заштитено подрачје, како и придобивките и обврските што ги носи заштитеното подрачје во однос на земјоделството и шумарството.

Сличен форум за локалното население од Општините Кратово и Крива Паланка ќе се одржи на 24 февруари во салата на Општина Крива Паланка.

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, предвидено е воспоставување на заштитени подрачја (ЗП) во сливот на река Брегалница. Во процесот на одбирање на приоритетни подрачја за заштита, во соработка со клучните страни и со одлука на Источниот плански регион (ИПР), беа селектирани Осоговските Планини и Ченгино Кале како најпогодни подрачја за отпочнување процес за прогласување.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош