Макрон и Меркел ќе разговараат за брегзит и иднината на ЕУ

Од:

Францускиот претседател, Емануел Макрон в среда во Париз ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, со која ќе се разговара за трансатлантските односи, Бргзитот, француско-германските одбранбени проекти и за други прашања поврзани со иднината на ЕУ, јави дописникот на МИА.

Според Елисејската палата, францускиот претседател и германската канцеларка ќе зборуваат за „главните теми кои ќе бидат на дневниот ред на идниот Европски совет, закажан за во март, како европската индустриска политика, зајакнувањето на Еврозоната, борбата против лажните вести, Брегзит, трансатлантските односи и меѓународната ситуација, како и односите меѓу двете земји во областа на одбраната.

Макрон и Меркел ќе направат и преглед на спроведувањето на француско-германскиот договор за соработка и интеграција потпишан во јануари.

 

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција