Интерпелацијата на министерот Спасовски на дневен ред на собраниска седница

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од опозицијата.

Покрај интерпелацијата на министерот Спасовски, пратениците ќе расправаат и за неколку предлог-законски решенија од кои дел се во прво читање, а дел треба да се донесат по скратена постапка.

Седницата почна во понеделникот кога беше усвоена одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Потоа седницата беше прекината со образложение дека неколку предлог-законски решенија што се на дневен ред, треба да бидат разгледани на матичните комисии.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски