Самсунг го претстави Galaxy Fold со екран на превиткување

Од:

Самсунг го отвори својот Unpacked настан во Сан Франциско со претставувањето на револуционерниот уред со екран на превиткување, наречен Galaxy Fold.

Уредот што во исто време е смартфон и таблет работи на процесорот Snapdragon 855, има 12 GB RAM меморија и вкупно 6 камери.

Galaxy Fold има два екрана, еден помал 4,6 инчен кој се користи во мобилен режим и уште еден 7.3-инчен дисплеј, кога ќе се отвори уредот да работи како таблет.

Цената на Galaxy Fold ќе изнесува 1980 долари во САД.

Паметен телефон. Таблет. Сплотени во едно.

Галакси Фолд е дел од нова посебна категорија која создава поразлично мобилно искуство. Со новиот уред корисниците можат да прават нешта кои досега не можеа да ги прават со обичен паметен телефон. Корисниците сега го имаат најдоброто: превитлив уред кој пристигнува со најголемиот екран за паметни телефони на Самсунг. Галакси Фолд ги обединува материјалните, инженерските и иновациите за екрани, кои се развиваа осум години по појавувањето на првиот флексибилен прототип на екран на Самсунг во 2011 година.

• Нови материјали за екранот: Внатрешниот екран на уредот не се прекршува, туку се превиткува. Превиткувањето е поинтуитивно движење и иновација која потешко може да се имплементира. Самсунг создаденов полимерски слој и екран кој е околу 50 % потенок од класичниот екран на паметните телефони. Новиот материјал го прави Галакси Фолд флексибилен и цврст, создаден да трае.

• Нов механизам за превиткување: Галакси Фолд се отвора непречено и природно, како книга и се затвора рамно и компактно со едноставен клик. За да го постигне тоа, Самсунг изработи софистициран механизам за превиткување со повеќе меѓусебно – зависни запчаници. Овој систем е сместен во скриено куќиште за беспрекорен и елегантен изглед.

• Нови елементи во дизајнот: Од екранот, куќиштето, до секој елемент што можете да го видите и допрете – Самсунг се грижи за секој детаљ. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на страната каде палецот природно се потпира и уредот лесно се отклучува. Двете батерии и компонентите се подеднакво распределени, допринесувајќи за балансот на овој уред. Уникатнитебои на Самсунг – Вселенско Сребрена, Космос Црна, Марсовско Зелена, Астро Сина, заедно со гравираниот дел за превиткување со Самсунг лого, го комплетираателегантниот изглед и крајниот резултат.

Од нашиот известувач од Сан Франциско
Никола Бурагев

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

А1он

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во вредност од 17 милијарди долари

Ана Ололовска