Средба на Дескоска со експерти од ЕСЧП

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се сретна со експерти од Одделот за извршување на пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права Катерина Недељковиќ и Фредрик Сандберг.

Дескоска, информираат од нејзиниот кабинет, на средбата нагласила дека Република Северна Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и дека ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките кои произлегуваат од пресудите.

На средбата станало збор и за реформската агенда на Министерството за правда, во однос на што Дескоска ја потенцирала добрата соработка со Венецијанската комисија, Советот на Европа, мисијата на ОБСЕ и голем број странски експерти кои се вклучени во изготвувањето и чии препораки се имплементираат во законските решенија.

Министерката посочила дека заштитата на човековите права и градењето на капацитетите на институциите за заштита на човековите права се на врвот на владината агенда и дека нејзината посветеноста кон реформите во правосудството е последица на реалната потреба на граѓаните.

На средбата, како што информираат од Министерството за правда, било истакнато дека Република Северна Македонија е една од земјите со највисока имплементација на препораките на ЕСЧП.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески