Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Од:

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од страна на одредени полициски и обвинителски структури добил понуда да биде  заштитен сведок за крвавиот четврток, а наместо тоа да не биде обвинет за случајот.

-Ми дадоа понуда односно бев уценет да бидам заштитен сведок во замена да немам кривична пријава. Требаше да читам лист хартија која ми беше дадена. Одговорот мој беше “и 100 години да ме судат немам намера лажно да сведочам ниту пак да местам луѓе”. Тогаш ми рекоа ќе зажалиш. После 1 месец ме уапсија, рече Ченто.

Покрај другото, тој истакна дека обвинителството терети погрешни луѓе за настаните во Собранието и дека вистинските виновници не се на обвинителна клупа.

Ченто побара судот да донесе ослободителна пресуда што би била единствена праведна одлука.

Виктор Јованов

 

Би можело да ве интересира

На отпуст од 30 дена денеска се пуштени петмина осуденици од штипскиот затвор кои беа осудени за настаните од 27 април

Предраг Петровиќ

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Сандра Бошковска

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Завршни зборови за 27 април

Дурловски: Доколку сум знаел за вакво сценарио за 27 април, осудете ме

Сандра Бошковска

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Сандра Бошковска