Обвинетиот Трајковски за 27 април: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Од:

Од судот барам да ми суди за тоа што сум го сторил, но не за тероризам. Единствена грешка ми е што сум се нашол на погрешно место во погрешно време, истакна онвинетиот Влатко Трајковски во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Трајковски нагласи дека за да се направи нешто, треба да постои цел, а за да не се случи тоа што се случи, според него, не требало да се отворат вратите во Собратание.

– Сите знаеме дека вратите ги отворија Крсто Мукоски и Сашо Василевски по наредба на тој што порачуваше полици за во село, нагласи обвинетиот Трајковски.

За исказите на обвинетиот, а сега амнестиран Стефан Младеновски, Трајковски рече дека се дознале многу работи, но не и тоа што тој го сторил во Собранието.

– Хари Локвенец во исказот како сведок во овој случај рече дека кога излегол од прес-салата добил удар во глава од лице со качулка од што му пукнала аркадата. Тоа лице е Стефан Младеновски, рече Трајковски.

Во однос на пратеникот Сашко Костов, Трајковски рече дека тој го навредувал и опцул, по што земал пп апарат и го испрскал. Посочи дека пратеникот кренал рака, при што од страв да не биде нападнат Трајкоски му задал два три удари од кои Костов паднал и веднаш станал. За обвинението дека тој ја удира Радмила Шекеринска, Трајковски рече дека на снимките се гледа дека не ја удира тој, туку лицето кое што ја заштитува.

Во Кривичниот суд во Скопје моментално завршен збор дава обвинетиот Вилијам Михајловски.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.
На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска