Завршни зборови за 27 април

Од:

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

На минатото рочиште завршни зборови дадоа обвинетите Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски и Јане Ченто, кои се товарат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Пепиќ во завршните зборови на судењето истакна дека не е дел од никакво терористичко здружение, туку во Собранието бил службено како разузнавач. Обвинетиот Алими нагласи дека на 27 април сè што направил е со знаење на неговите надредени. Тој нагласи дека на Горан Ѓошевски-Леви му ги дал клучевите од вратите бидејќи не знаел зошто ги бара.

Според обвинетиот Дурловски, судечкиот совет кога ќе ја донесува пресудата треба да се запраша дали, како што тврди, тој држел потпалувачки говори и оти се коцкал со државата за материјални побуди. Тој на судењето денеска истакна дека на 27 април ја пеел химната, потоа заминал на ракомет со неговиот син, а кога видел дека има „гужва“ во Собрание, се вратил назад.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Би можело да ве интересира

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

Горан Наумовски

Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес кој имаше за цел притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за уставни измени

Реакција на Кривичен суд: Апелационите судии наместо да ги држат по една година и да ги враќаат предметите можат мериторно да одлучуваат

Горан Наумовски