Калчолигашот Интер остана без услугите на својот напаѓач Диего Милито кој на синоќешниот натпревар против Клуж тешко се повреди.
Аргентинскиот интернационалец во клубот од Милано ги скина лигаментите на левото колено, повреда која подолго ќе го оддалечи од фудбалските терени.
– Повредата на Милито е многу сериозна и не е последица на претходната која тој ја имаше. Се работи за скинати лигаменти. Сите во клубот сме тажни, но му даваме целосна поддршка и ќе бидеме со него во процесот на рехабилитација, истакна тренерот на Интер, Андреа Страмачиони.
Најавите кои доаѓаат од Милано се дека Милито ќе паузира најмалку девет месеци.