СДСМ: Се проверуваат вработувањата, ќе има одговорност ако има какви било пропусти и незаконитости

Од:

Вистинската адреса на која ВМРО-ДПМНЕ треба да постави прашања за непотизам е нивниот лидер Христијан Мицкоски кој треба да им одговори како од толку многу професори на Машинскиот факултет, тој станува асистент токму кај неговиот татко со кого и заедно пишувале книги и учебници, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Како Мицкоски добил бизниси со хидроцентрали од владата на Никола Груевски кадешто бил советник?

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше сите државни и јавни претпријатија, а од институциите правеше партиски штабови. Тоа време е зад нас и нема да се повтори.
СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.

Како што е веќе најавено ќе се испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор, како и на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана.

Доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, или влијанија, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да влијае на вработувања.

Деполитизирана и департизирана администрација значи вработување спроед мерит систем, а не според политика или партиска припадност“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски