Парондо: Кога беше најважно ние промашувавме, а Веспрем погодуваше

Од:

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо не беше задоволен од играта на своите ракометари против Веспрем во второто полувреме. „Црвено-црните“ имаа водство од 5 гола на полувремето но накрајот го загубија мечот со 27:29.

На пресот по средбата Шпанецот упати честитки за победата на гостите, но потенцираше дека клучен бил стартот на второто полувреме.

„Во првото полувреме одигравме одлично. Но пресуди стартот на вториот дел кој не беше како што посакувавме. Веспрем се врати, и во завршницата влезе со поголема самодоверба и победи. Миклер одигра добро во второто полувреме. Дадовме се од себе, но кога беше најважно ние промашувавме, а Веспрем погодуваше, изјави Парондо по мечот.

Следниот меч за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде против Кристијанштад на гостински терен на 23 февруари.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски