Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас во Минхен

Од:

На премиерите на Република Северна Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска во Минхен ќе им биде врачена наградата „Евалд Фон Клајст“. Планирано е врачувањето на наградата да биде на посебна церемонијална вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Баварија, Флориан Херман.

Двајцата премиери во рамки на Минхенската безбедносна конференција ќе се обратат на заедничка панел дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција.

Премиерот Заев во Минхен престојува заедно со владина делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Џевад Адеми. Владината делегација ќе учествува на повеќе настани што се одржуваат во рамки на конференцијата, а планирано е да реализира и повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Награда во Еквадор за „Јон Вардар против Галаксијата“

Отворен е конкурсот за наградата за најдобар предов „Драги“ 2

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он