„Хуавеј“ ја зголеми продажбата на телефони во Европа за 55 отсто

Од:

Кинеските паметни телефони минатата година ја преплавија Европа, пишува во новиот извештај на компанијата за анализа на пазарот Каналис.

Новите податоци го потврдија трендот, што досега само се насетуваше.

„Хуавеј“, „Ксиаоми“ и „ВанПлус“, кинески брендови на паметни телефони, во 2018 година сочинуваа 32 отсто, односно речиси една третина од вкупниот број на мобилни телефони продадени на европскиот пазар.

Приматот го држи „Хуавеј“ со удел од 23 отсто и 42,5 милиони доставени апарати на Стариот континет. Тие во последниот квартал минатата година доставиле 13,3 милиони апарати, а со тоа го зголемиле извозот за 55 отсто во однос на 2017 година.

Колку за споредба, „Епл“ во Европа извезол незначително повеќе Ајфони и тоа само 42,8 милиони.

Аналитичарите предвидуваат дека „Хуавеј“ во Европа до крајот на годината ќе го симне „Епл“ од второто место, токму како што наскоро ќе стори и во остатокот од светот.

Во опасност се наоѓа и досега недопирливиот „Самсунг“. Јужнокорејскиот „Самсунг“ и американскиот „Епл“ бележат пад во продадени апарати во светот од осум, односно 3,2 отсто. „Хуавеј“, од друга страна, скокна за 33 отсто, а неочекуван скок од 32,2 проценти забележа и „Ксиаоми“.

Би можело да ве интересира

Пет кинески компании претставуваат закана за САД

„Хуавеј“ го повика Гризман на разговори откако фудбалерот ја прекина соработката

Жарко Настоски

Британија го исклучи Хуавеи од плановите за ширење на 5Г-мрежата

Жарко Настоски

Кина подготвена за контрамерки за одлуката на Вашингтон за Хуавеи

А1он

Помпео: Поради однесувањето на Кина, државите ќе размислат за Хуавеј

А1он

Ненси Пелоси апелира на државите да го игнорираат „Хуавеј“

Драган Поповски