Ненси Пелоси апелира на државите да го игнорираат „Хуавеј“

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом при американскиот Конгрес, Ненси Пелоси апелираше денеска на претставниците од земјите учеснички на безбедносната конференција во Минхен да го избегнуваат кинескиот технолошки гигант “Хуавеј” додека градат мобилни мрежи од нова генерација.

“Кина се обидува да ја извезе својата дигитална автократија преку својот телекомуникациски гигант Хуавеј”, истакна Пелоси во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција.

Според неа, нациите не можат да и ја отстапат својата телекомуникациска инфраструктура на Кина поради финансиска корист.

Таа смета дека таквите непромислени отстапки само ќе го охрабрат кинескиот претседател Си Џинпинг, кој, според неа, ги поткопува демократските вредности, човековите права, економската независност и националната безбедност.

“Кинеската доминација на 5Г би значело дека изборот е автократија, а не демократија”, нагласи Пелоси, додавајќи дека наместо тоа, мора да се премине на интернационализација.

Во меѓувреме, Хуавеј ги обвини САД за „политички прогон“ поради новите обвиненија од страна на американското Министерство за правда.

Кинескиот технолошки гигант доби нови кривични пријави од страна на САД дека наводно од 2000 година досега се обидува да украде трговски тајни од американски компании.

Во соопштението на “Хуавеј” се наведува дека „обвиненијата не откриле ништо ново, а Министерството за правда на САД повторно разгледува веќе завршени граѓански дела како кривични“.

Портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг го повика денеска Вашингтон итно да прекине со неоправданиот притисок врз кинеската компанија.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат