Ракот на бели дробови ќе биде првиот по смртност меѓу жените во ЕУ

Од:

Ракот на белите дробови во рамки на ЕУ се заканува да се најде пред ракот на дојката, како вид рак од кој страдаат најмногу жените, укажува една нова меѓународна студија објавена во британското стручно списание „Онколошки анали“.

Се прогнозира дека во оваа година од рак во Унијата ќе починат околу 1,31 милион луѓе, од кои околу 737.000 мажи и околу 576.000 жени.

Зачестеноста на смртните случаи од рак оваа година кај мажите ќе биде пониска за шест, а кај жените за четири отсто отколку во 2009 година.

Она што изненади во студијата е проценката дека во 2013 година меѓу жените ќе дојде до намалување на смртноста од рак на дојка во однос на 2009 за седум отсто, но и до пораст за истиот процет на смртност од рак на бели дробови.

Коавторот на студијата Карло Ла Векија, професор по епидемиологија на Миланскиот универзитет, растот на смртноста на бели дробови меѓу жените го објаснува со зголемениот број на оние кои почнале да пушат на крајот на 60-те и почетокот на 70-те години.

Последиците од тој тренд се манифестираат со децении подоцна низ растот на заболувањата и умирањата од рак на бели дробови на припадничките на понежниот пол.

Авторите на студијата прогнозираат дека ракот на бели дробови веќе во 2015 година би можел да избие на прво место по смртноста меѓу жените, што во Велика Британија и Полска веќе сега е случај.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он