И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Од:

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормари, клуб маси, закачалки, но и фотелји од телешка кожа е само дел од предметот на јавната набавка во МВР.

Според спецификациите објавени на веб страната за јавни набавки, МВР нарачува 50 работни фотелји чија „завршна прекривка треба да биде од природна телешка кожа, а столицата треба да има фиксни метално хромирани раконаслони кои во горниот дел ќе бидат тапацирани со природна телешка кожа“. Освен овие работни столици, МВР склучило договор за набавка на уште 250 работни столици, но обложени со полиестер и за уште 100 канцелариски столици. Вкупно, само за столици, МВР плаќа околу 35 илјади евра.

Како ќе изгледаат фотелјите од телешка кожа во МВР според спецификациите во тендерот

Најмногу пари, односно над 83 илјади евра МВР дава за метални ормари, фиокари, гардеробери, метални шкафови за чување огнено оружје итн.

За бироа и клубски маси Министерството склучило договор од околу 30 илјади евра, а за закачалки за облека и чадори околу 2,3 илјади евра.

Минатиот месец МЕПСО склучи договор од 212 илјади евра, со „Леснина ми“, фирма од која се нарачуваат кујни, канцелариски мебел и гарнитури. Во договорот за јавна набавка, највпечатливи се 39-те парчиња клуб фотелји, за кои е потенцирано дека мора да бидат тапацирани со природна телешка кожа, за кои компанијата плаќа речиси 14 илјади евра.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа