ВИДЕО: Седуммина загинати при судири на Хаити

Од:

Најмалку седум лица загинаа при масовни протести на Хаитите, за време на кои дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Учесницита на протестите, првенствено жители на најсиромашните реони на земјата, бараат оставка на хаитскиот претседател Жовенел Моиз, обвинувајќи ја неговата Влада дека не успеала да ги обезбеди основните потреби на граѓаните.

На ваквите барања Моиз одговори со порака дека нема да поднесе оставка и оти „нема да ја остави земјата во рацете на вооружени банди и шверцери на дрога“.

Демонстрантите блокираа и повеќе патни правци во земјата, поради што стотици канадски туристи останаа заглавени во еден хотел, не можејќи да заминат до аеродромот.

Поради протестите Амбасадите на Канада и САД донесоа одлуки за времено затворење на своите амбасади во Порт-о-Пренс и евакуација на најголем дел од дипломатскиот персонал.

Стејт департментот доплонително им препорача на државјаните на САД да не патуваат на Хаитите, поради „масовни, насилни и непредвидливи протести во Порт-о-Пренс и други градови во земјата“.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници