Агенција задолжена за помош на палестински бегалци побара денеска итно помош од 300 милиони долари за Појасот Газа и за Запaдниот брег, јави ДПА.
Агенцијата (UNRWA-UN Relief and Works Agency) објави дека 78 милиони долари од барањето ќе биде за обезбедување храна за 750.000 Палестинци во Газа кои се под израелска блокада веќе шеста година.
Барањето е испратено и за отворање работни места, програми за ментално здравје иницијативи за изградба на санитарни системи и за обезбедуавње вода во Газа и Западниот брег.