Албанскиот Уставен суд остана со само еден судија

Од:

Уставнот суд на Албанија денеска остана со само еден од вкупно деветте судии, колку што вкупно брои оваа институција во полн состав, откако беше разрешен судијата Гани Диздари.

Посебниот апелациски колегум ја потрди претходно донесената одлука на Независната комисија за проверка на потеклото на имотот за Диздари, во чија изјава имало контрадикторности околу површината на земјиштето и цената за која го купил. Комисијата, исто така, констатирала дека Дизадари бил поврзан со лица со криминлни досиеја.

Со неговото разрешување единствен судија во Уставниот суд остана Виторе Туша.

Кон средината на декември минатата година беше разрешен претседателот на Уставнот суд, Башким Дедја, откако не можеше да го објасни потеклото на неговиот имот. Посебната комисија соопшти дека Дедја дал неточни изјави за имотот, дека го прикривал и дека не можел да го објасни како го стекнал со своите приходи.

Поради не поминување на судиите на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности или попознато како ветинг, Уставниот суд на Албанија не функционира речиси една година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење