Шестмина притворени поради упад во канцелариите на портпаролот на француската Влада

Од:

Француската полиција приведе шест лица осомничени дека со вилушкар упаднале во Министерството на Влада на Франција, каде се наоѓа канцеларијата на владиниот портпаролот Бенжамен Гриво за време на протестите на „жолтите елеци“, јави дописникот на МИА.

Овој насилен упад, што предизвика бурни реакции во Франција, го принудија Гриво да ги дислоцира своите канцеларии, при тоа осудувајќи ја постапката како „неприфатлив напад врз Републиката“.

Шесте лица, кои се на возраст од 21, 23, 26, 35, 46 и 54 години, се со потекло од регионот Париз и северниот дела на Франција. Меѓу нив се и една жена, како и татко и син.

Вакви упади во француските министерства се многу ретки. Во 1999 година, земјоделци ја уништија канцеларијата на министерот за просторно планирање и животна средина Доминик Вуане.

Од почетокот на протестите на „жолтите елеци“ во Франција, околу 1,800 лица се осуени за учество во насилни демонстрации.

Би можело да ве интересира

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени