Македонија денеска со опасни температури до 41 степен влегува во „портокаловиот бран“. Само два степена не делат од катастрофалната „ црвената “ фаза, која се прогласува кога температурата ќе се искачи на 43 степени.
Оваа година рано не зафати „ портокаловиот бран“, минатата , во август беа пеколно топлите денови. Поголем дел од земјава сè уште е под топлински бран од прва или жолта фаза, а тоа е кога температурата достигнува до 38 степени.
Здравствените работници препорачуваат до 17 часот да не се излегува надвор, без потреба, да се носи лесна и светла облека, да се носат очила , шешири и капи, да се пијат течности, но не сокови со многу шеќери или вештачки засладувачи, кои само ја зголемуваат жедта.
Препорачлива е и лесна храна без маснотии.