ВМРО-ДПМНЕ: Токму СДСМ беа на власт кога решија да ја приватизираат ЕСМ,

Од:

ВМРО-ДПМНЕ како непринципиелни ги оценува изјавите за Регулаторната комисија за енергетика дадени на денешната прес-конференција на СДСМ и прашува со кое лице јавно говорат за енергетиката во Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ го потсетува СДСМ дека токму тие беа на власт кога решија да ја приватизираат ЕСМ, знаејќи дека оваа продажба ќе биде штетна за граѓаните, за што говореше и нивниот експерт Атанаско Тунески. Каде беа СДСМ кога во 2006 година и покрај масовните протести на народот ја продадоа ЕСМ, гледајќи на тоа како еден „бонбона бизнис”, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Јани Макрадули од СДСМ.

Додека СДСМ владееше, се додава во рекацијата, се занимаваше само со сопствените бизниси во областа на енергетиката, а денес не е така.

– Сведоци сме на многу новитети во областа на енергетиката како донесување Закон за енергетика, овозможивме изградба на гасната централа ТЕ-ТО во Скопје, модернизација на ТЕЦ Битола, изградба на ХЕЦ Света Петка, модернизација на трафостаници на АД Мепсо, изградба на далноводи и многу други проекти, кои придонесоа за зајакнување на енергетскиот систем, се посочува во рекацијата.

ВМРО-ДПМНЕ најавува и натамошни активности во енергетиката со цел Република Македонија да не се соочува со проблеми од оваа сфера.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина