Бизнисмени од Турција денеска ја посетија општина Битола со цел да го развијат својот бизнис на овие простори, соопштија од кабинетот на градоначалникот Владимир Талески.
На средбата со градоначалникот Талески, Фазли Туркер генерален директор компанијата „Хисарлар“ од турскиот град Ескишехир истакна дека имаат намера во Македонија да почнат со производство на едно специфично фозило „Турккар“ за различни намени.
Јас сум генерален директор на една турска фабрика која вработува 800. Произведуваме земјоделски машини и едно уникатно теренско возило. Подготвени сме да соработуваме со бизнисмени и општини од Македонија затоа што произведуваме возила што им се потребни на општините. Нашата фирма е со традиција и верувам дека оваа посета која ќе вроди со економска соработка, истакна Туркер.
На средбата во кабинетот на битолскиот градоначалник присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Горан Тасковски кој најави средби на бизнисмените од Турција и со градоначалниците на Могила и Новаци.
– Убеден сум дека оваа делегација е една од најсериозните турски делегации кои благодарение на амбасадорот во изминатиот период ја посетија нашата општина. Во првата фаза целта е да се направи фабрика во Битола во која што ќе се монтираат деловите на ова возило, а доколку има интерес и продажбата се движи според предвиденото во следната фаза се очекува да се направи фабрика што ќе произведува такви возила“, посочи градоначалникот Владимир Талески.
Турската делегација во Битола беше информирана за условите за инвестирање во општината, условите што ги дава Владата на Република Македонија, како и можностите на индустриската зона „Жабени“.