(ВИДЕО) Нападнатите ватерполисти: Сакаа да не линчуваат

Од:

Голманот на ватерполистите на Црвена Ѕвезда, Александар Краљ на прес конференција ја покажа раната на ногата од нападот со нож на хулиганите во Сплит. Ватерполистите тврдат дека имале среќа инаку ќе биле линчувани.

Како што рече голманот, имал среќа да спаси жива глава зошто напаѓачот се лизнал.

„Кога келнерот во кафулето каде што седевме под јакната кај мене го виде грбот на Црвена Ѕвезда се приближи и со заканување кажа „подобро сокриј го тој грб“. Помислив дека се шегува но се преместивме во друго кафуле и додека гледав во мобилниот телефон дојдоа некои момци од зад грб и почнаа да маваат“, рече голманот.

Тој останал само со клубскиот дрес на него и скокнал во морето.

„Трчав, кога видов еден кон мене како доаѓа со нож, но за среќа се лизна и само ме закачи во ногата. Кога сфатив дека немам избор, единствено решение беше да скокнам во морето. Потоа полицијата ми кажа дека добро сум направил.

Но, додека бев во водата сите ме гаѓаа со камења, но најмногу болеше што и обичните луѓе беа дел од сето тоа, и тие навредуваа и викаа“, додаде Краљ.

Ватерополистите кажаа и дека никој не сакал од ниедно кафуле и продавница додека бегале да им повика такси до хотелот каде што биле сместени.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија