Вршителот на должност американски секретар за одбрана во посета на Кабул

Од:

Вршителот на должност американски секретар за одбрана, Патрик Шанахан денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Авганистан, Кабул.

Портпаролот на американските сили во Авганистан, Дејв Батлер изјави дека Шанахан ќе се сретне со претставници на авганистанската Влада и со раководството на мисијата на НАТО во земјата.

Ова е прва посета на Авганистан на Шанахан, кој го замени секретарот во заминување Џим Матис, во екот на американските напори за политичко решавање на авганистанскиот конфликт.

„Разговорите се фокусирани на загриженоста за националната безбедност на Авганистан“, рече Батлер.

Портпаролот на авганистанскиот претседател Шахусаин Муртазави рече дека в.д. секретарот за одбрана треба да се сретне со претседателот денеска попладне.

Од јули минатата година, претставници на САД пет пати се сретнаа со талибанците, а последниот состанок беше одржан минатиот месец.

Иако американските медиуми објавија дека претседателот, Доналд Трамп планира драстично да го намали бројот на војниците, Шанахан истакна дека „нема наредби за намалување на американските војници во Авганистан“.

Во моментов во Авганистан се стационирани околу 14.000 американски војници.

Би можело да ве интересира

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Најмалку четворица мртви во експлозија во џамија во Кабул