ЈП „Комунална хигиена“: Градежниот отпад не смее да се исфрла во контејнерите

Од:

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ отстранија десет вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата Лондонска, во скопската општина Карпош, информираат од претпријатието, и притоа до граѓаните упатија апел да се престане со исфрлање на градежниот шут во контејнерите.

„Граѓаните отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на нивните живеалишта, не смеат да го одлагаат во садовите за отпад поставени на јавни површини. Овој вид на отпад може трајно да ги оштети специјалните комунални возила и со тоа да предизвика значителна финансиска штета на Претпријатието, како и проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот.

Садовите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“, без разлика дали станува збор за надземни или подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци, се наменети исклучиво за одлагање на комунален отпад.

Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина. Според Законот за јавна чистота, граѓаните на Скопје се должни градежниот отпад да го одложат директно во депонијата „Дрисла““, се вели во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми

Катерина Ѓуровски