ВМРО-ДПМНЕ: Зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ

Од:

Зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве сега се уште нема.

Власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци заради порастот на дизелот, и се уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат наскоро.

СДСМ пред да дојде на власт ветуваа чуда во земјоделието, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но наместо тоа донесоа беда за земјоделците“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тие исто така заслужувааат и повисоки откупни цени и нови пазари. „Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа расипничка и криминална власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски