Ставот на Министерството за информатичко општество и администрација во однос на соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е следниот:
„До Министерството за информатичко општество и администрација пристигна допис од АВМУ, на којшто денеска е веќе одговорено. Како што е наведено во одговорот на дописот, во буџетот на МИОА има одобрено 1.200.000.000 денари за финасирање на МРТ, ЈП МРД и ААВМУ.
Како што раководството на ААВМУ е запознаена, Законот за изменување и дополнување на ЗААВМУ со којшто се зголеми процент на потребните средства за финасирање, влезе во сила на 8-ми јануари, иако беше доставен во Собранието, скоро година претходно, односно во февруари 2018 година. Причините за ова одложување беа од политичка природа и се добро познати за раководството на АВМУ.
Ова значи дека измените на Законот со кои се предвидува зголемување на процентот, стапија во сила по усвојување на Буџетот за 2019-та година, односно пет месеци по доставување на буџетските циркулари, кои се доставуваат во август.
Сепак, со оглед на тоа што се работи за износ на средства утврден на годишно ниво, како и потребата од доследно почитување на буџетските правила и принципи во однос на распределбата на истите до корисниците на средтсвата од буџетот истите ќе бидат усогласени и за 2019 година“.