А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кој доби највисоки оценки на листата за идни антикорупционери

by А1он07/02/2019 - 20:06478
Share0

Објавена е ранг листата со бодувања за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Според оваа листа, веќе станува се поизвесно кој ќе влезе во составот на идната Антикорупциска комисија, која ќе биде со проширени надлежности, а се очекува да работи независно.

Добивај вести на вибер

Најдобро се оценети досегашните кадри од ДКСК, Владимир Георгиев, дипломиран економист од Скопје кој беше државен советник во комисијата и Софка Пејовска Дојчиновска, генерален секретар.

Понатаму следува Катица Николовска, дипломиран економист од Велес, Нури Бајрами од општина Гостивар, Билјана Николовска, дипломиран економист од Скопје која е можно да биде и идниот претседател, Горан Трпеноски, новинар од редакцијата на „Сакам да кажам“ и Шемши Салаи, дипломиран правник. Високо на листата котираат и Владимир Клековски и адвокатот Рахамин Мизрахи.

Ранг листата утре ќе се најде пред комисијата за избори и именувања, која треба да одлучи кои седум антикорупционери ќе бидат избрани од пријавените 80, а селектираните 57. Собранието потоа треба да ги гласа на пленарна седница, по што тие ќе дадат свечена заклетва и ќе почнат на работните места.

Мери Јордановска

dksk

Би можело да ве интересира

Распишан е јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК

Горан Наумовски31/07/2025 - 12:42

После оставката на Димитровска: На јавен оглас ќе се бира нов претседател на Антикорупциска

Горан Наумовски31/07/2025 - 12:0231/07/2025 - 12:42

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски21/07/2025 - 14:1021/07/2025 - 14:25

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски21/07/2025 - 12:0221/07/2025 - 12:08

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски18/07/2025 - 13:3018/07/2025 - 13:47

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

Горан Наумовски04/07/2025 - 16:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен