Независната пратеничка Емилија Александрова не сака да ја коментира информацијата за вработувањето на ќерка си Сара Александрова во Фондот за иновации и технолошки развој.
„Не би сакала да давам изјави поврзани со ќерката и фамилијата. Разочарана сум од тоа како медиумите ги третираат семејствата, децата на јавните личности“, рече Александрова, прашана за тоа дали нејзината ќерка Сара е вработена во Фонд за иновации.
Александрова не одговори ниту за шпекулациите дека нејзината ќерка е вработена преку врски, благодарение на нејзиниот глас за промена на Уставот.
„Не би сакала да коментирам“, рече Александрова.
Одговор на прашањето во врска со вработувањето на Сара Александрова најави и Фондот за иновации и технолошки развој, но, оттаму инсистираат комуникацијата да биде преку електронска пошта.
Кристијан Ландов