Захарова: Макрон е главниот творец на лажни вести во Франција

Од:

Министерството за надворешни работи на Русија  најави дека ќе побара официјално објаснување од властите во Париз во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека „руски медиуми се мешаат во внатрешните работи на Франција“ кога се во прашање протестите на „жолтите елеци“.

„Ако медиумите се пренеле коректно, тогаш претседатлот Макрон е главен творец на лажни вести во Франција и сите негови напори во борба против оваа појава се само привидни, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи„, Марија Захарова на „Твитер“.

Реакцијата на Захарова следи откако Макрон изјави дека руски медиуми ги користат своите налози на социјалните мрежи за мешање во внатрешните работи на Франција.

Захарова, при тоа, ги отфрли обвинувањата дека руските медиуми РТ и Спутњик, „купуваат налози на социјалните мрежи“, преку кои шират невистини.

„Француската држава повеќепати бараше да докажеме дека овие обвинувања се основани, но ние не можевме да дојдеме до докази, затоа што тоа се лаги“, порача Захарова.

Според неа, руските медиуми често ги прашуваат за коментар учесниците на протестните собири во Франција, затоа што француските власти одбиваат да комуницираат со нив.

„Макрон мора да заборавил дека и сам им забранува на руските новинари да присуствуваат на неговите прес-конференции. Затоа новинарите не ги интервјуираат официјалните претставници, туку „идиотите во жолти елеци“, како што ги нарече Макрон“, додава Захарова.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина