Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Од:

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „единство и солидарност“, во Ресен одржа вонреден тематски конгрес.

„Во регионот каде што се потпиша историскиот преспански договор, делегатите на ТХП дискутираа за повеќе важни теми. Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, во своето излагање се осврни на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Р.Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка.  Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат“, пишува со оопштението на ТХП.

На конгресот освен за резимето од досегашниот учинок на ТХП, се дискутирало и за чекорите кои треба да се превземат во следниот период.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on