Марадона: ФИФА не е променета по заминувањето на Блатер

Од:

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот Диего Армандо Марадона го критикуваше претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, и посочи дека организацијата не е променета од заминувањето на Сеп Блатер поради корупциски скандал.

Блатер во 2015 година доби суспензија од шест години надвор од фудбалот поради сомнителни исплати од два милиони франци на тогаш првиот човек на УЕФА Мишел Платини, по што Инфантино доби можност да дојде на чело на ФИФА.

Токму по доаѓањето на Инфантино, Марадона стана дел од програмата „ФИФА легенди“, но набрзо потоа поднесе оставка незадоволен со неговиот третман.

– Му испратив писмо на Инфантино да му кажа,,,м дека не сакам повеќе д абидам капитен на „ФИФА легенди“. Ниту со одењето на Блатер ништо не се промени. Нема почитување за големи фудбалски имиња како што сме јас, Ван Бастен, Гулит. Некогаш му верував на ова раководство, нагласи Марадона.

Нови избори за претседател на ФИФА се закажани за 5 јуни. Покрај Инфантино, во претседателската трка учество најави и Шпанецот Рамон Вега.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ