Данон: Израел очекува посилна акција против антисемитизмот

Од:

Израел ја цени поддршката од новите сојузници во Источна Европа, но очекува „посилна акција“ кога станува збор за нивниот став кон антисемитизмот, изјави израелскит амбасадор при Обединетите нации, Дени Данон.

Данон рече дека поранешните комунистички држави одиграле клучна улога во блокирањето на антиизраелските мерки во Европската унија и другите меѓународни форуми, но смета дека треба да се поправи пристапот кон Евреите.

Тој наведе дека Израелците, кога разговараат со претставници на тие земји, велат дека се благодарни на нивната вклученост и дека сакаат да ја продолжат соработката, но истовремено кога станува збор за домашни прашања им порачуваат дека треба да преземат посилни акции.

– Ние навистина очекуваме посилни акции кога станува збор за антисемитизмот, рече Данон, кој ја предводи делегацијата на амбасадорите на ОН во Израел, каде дојде по престојот во Полска.

Заедно со Литванија, Украина, Унгарија и други земји, Полска е меѓу земјите зафатени со бранот ревизионизам по Втората светска војна во кој се настојува да се намали нивната вина за холокаустот додека како херои се прикажуваат антисоветските националисти кои беа вклучени во масовни убиства на Евреите.

Делегација од 40 амбасадори на ОН се во петдневна посета на Израел. Амбасадорите треба да се сретнат со израелскиот претседател Реувен Ривилин и премиерот Бенјамин Нетанјаху в недела, пред посетата на северната израелска граница со Либан и разгледување на тунелот Хезболах, што неодамна го откри израелската војска.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа