Презентација на 22 грантови за граѓански организации од пет општини, Гостивар, Куманово, Ресен, Кавадарци и Струмица ќе се одржи денеска во просториите на УНДП.
На презентацијата ќе присуствуваат раководителот на сектор за соработка на Делегацијата на Европска унија, Никола Бертолини, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, како и претставници на организациите, добитници на грантови.
Грантовите се дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) а финансирана од ЕУ.