Одбележувањето на Денот на Свети Валентин, Валентиново или Денот на вљубените, како што уште се нарекува, најверојатно датира уште од времето на старите Римјани и се поврзува со прославувањето на денот на нивниот бог Луперциј. Во раната историја на Рим, во време кога Римјаните тукушто почнале да се населуваат, крволочни волци лутале по блиските шуми.
Римјаните барале заштита и го молеле Лупрециј, еден од нивните богови, да ги заштити, па во негова чест, во времето кога го имале како свој заштитник, тие почнале да одржуваат фешта што се одржувала на 15 февруари.
Еден од обичаите на тогашните млади било испишување на имиња. Имено, во пресрет на денот на Луперциј, имињата на римските девојки биле запишувани на ливчиња хартија и биле оставани во стаклен сад, секое момче требало да извлече по едно ливче. Девојката што ќе ја извлекло момчето станувала негова „драга“ за таа година. Подоцна тој ден бил наречен Валентиново, по римскиот свештеник Валентин.
Се до 1969 година денот на Свети Валентин се славел на 14 февруари, како спомен. Потоа, Денот е избришан од католичкиот календар, т.е. станал незадолжителен споменден, заради намерата за намалување на бројот на спомени на светци за кои нема доволно точни податоци.