Вардариште е минато. Донесов одлука Градот Скопје да почне со постапка за формирање на претпријатие за грижа на животни, соопшти градоначалинкот Петре Шилегов.
Ова значи дека за бездомните животни нема да биде надлежно ЈП „Комунална хигиена“, туку новото претпријатие ќе има целосна надлежност за ветеринарна грижа, стерилизација и вдомување на животните.
„Постапката тече паралелно со чипирање на домашните миленици, со цел кога ќе заврши овој процес да функционира стационарот во градот Скопје. Новиот систем ќе овозможи решавање на проблемот. Тој бара инволвирање на повеќе граѓански активисти и здруженија со цел бројот на бездомни животни да се сведе на минимум“, рече Шилегов. Притоа, додаде тој, имам предвид дека Скопје не е изолиран остров и дека едностран пристап од градската администрација нема да има целосен ефект, туку тоа може да се оствари заеднички со други институции.
Според него не постои инстант решение за кучињата бездомници, но тоа не е изговор за институциите да не најдат одржливо решение.
„Паралелно со подготовката на админситративните процедури, започнуваме и процес на консулатции со граѓански здруженија со цел тие да бидат дел од управувањето на новиот станционар. Тој ќе биде основан со буџет од Град Скопје“, рече Шилегов.
За името на новото јавно претпријатие сè уште нема одлука, но лична желба на Шилегов е да се вика „Лајка“, оти тоа е куче кое го има сменето човештвото и е од улиците на Москва.
Кристијан Ландов