„Шекспиријада“ на студентите од ЕФТА во Велешкиот театар

Од:

На Малата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес утревечер со почеток во 20 часот ќе гостува испитната претставата „Шекспиријада“ на студентите по актерска игра од Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА“ од Скопје од класата на проф. Дејан Пројковски.

Претставата е колаж на монолози и дијалози од повеќе драми на Вилијам Шекспир како „Венецијанскиот трговец“, „Магбет“, „Хамлет“, „Ромео и Јулија“, „Ричард трети“, „Отело“ и „Крал Лир“.

Во претставата настапуваат студентите: Никола Јанев, Андреј Лалчевски, Кристијан Саздовски, Марија Кондовска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска, Марија Баркова, Матеј Стојковски, Харис Салковски, Никица Јанковски и Томе Станковски.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка