Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава исфрли лава, која се слева низ истоимената планина во должина од 1,4 километри.
Шефот на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасностни Касбани изјави дела Мерапи е во „фаза на ефузивна ерупција“.
Тој додаде дека вулканот еруптирал синоќа и има најдолг слив лава од август, кога беше активен Мерапи.
Касбани ги посоветува локалните жители да не се приближуваат најмалку три километри од кратерот.
Вулканот и истоимената планина Мерапи се со висина од 2.98 метри и се наоѓа во близина на древнито град Јогјакарта. Мерапи е еден од најактивните од неколкуте десетина вулкани во Индонезија.